Германската компанија Кромберг и Шуберт" ГмбХ, заедно со претставници на Владата на РМ во понеделник свечено ќе го означат отпочнувањето со изградба на фабриката во индустриската зона Жабени". Договорот за изградба беше потпишан во декември 2011 година и според деловниот план, германската компанија ќе инвестира над 20 милиони евра и ќе вработи над 2.500 лица во првите 5 години со цел реализација на инвестициониот проект за изградба на фабрика за производство на кабелски инсталации. Се очекува фабриката да започне со производство во првата половина на 2013 година. Оваа инвестиција е од големо значење не само за општина Битола, но и пошироко за Пелагонискиот регион. Со оваа инвестиција ќе се обезбедат над 2.500 нови директни работни места и исто толкав број нови индиректни работни места поврзани со дополнителните услужни дејности како транспорт, логистика, сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги има во текот на нејзиното работење.
Германската компанија Кромберг и Шуберт" ГмбХ, заедно со претставници на Владата на РМ во понеделник свечено ќе го означат отпочнувањето со изградба на фабриката во индустриската зона Жабени".
Договорот за изградба беше потпишан во декември 2011 година и според деловниот план, германската компанија ќе инвестира над 20 милиони евра и ќе вработи над 2.500 лица во првите 5 години со цел реализација на инвестициониот проект за изградба на фабрика за производство на кабелски инсталации. Се очекува фабриката да започне со производство во првата половина на 2013 година.
- Оваа инвестиција е од големо значење не само за општина Битола, но и пошироко за Пелагонискиот регион. Со оваа инвестиција ќе се обезбедат над 2.500 нови директни работни места и исто толкав број нови индиректни работни места поврзани со дополнителните услужни дејности како транспорт, логистика, сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги има во текот на нејзиното работење. Овој камен темелник претставува крај на транзицијата во Битола и почеток на нова иднина во овој регион - истакнува министерот задолжен за странски инвестиции, Веле Самак.